Достапни линкови

Расмусен: НАТО ќе го јакне присуството во источна Европа


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Варшава и порача на Русија дека со нејзината агресија врз Украина ги поткопува мирот и безбедноста во Европа. Затоа, како што додаде, НАТО ќе и се прилагоди на таа нова реалност и ќе размести трупи на нејзината источна граница. „Нашата приврзаност кон колективната одбрана е цврста и ќе продолжиме да ја јакнеме, преку маневри и натамошно разместување сили“, наведе Расмусен по денешниот состанок со полскиот претседател Бронислав Коморовски.
XS
SM
MD
LG