Достапни линкови

logo-print

Уапсена кинеска новинарка за оддавање државни тајни


Кинеските државни медиуми објавија дека властите ја уапсиле познатата новинарка и политички активист Гао Ју под обвинение оти во контакти со странски лица оддавала државни тајни. Кинеската телевизија објави снимка на која 70 годишна жена признава дека вршела такви активности. Апсењето на Гао Ју е последно во низата затворања пред 25 годишнината од задушувањето на демократските протести на плоштадот Тијенанмен во Пекинг на 4 јуни. Таа во 1993 година беше осудена на шест години затвор за оддавање државни тајни.
XS
SM
MD
LG