Достапни линкови

logo-print

Консултации за датумот на изборите на Косово


Косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска ги продолжува консултациите со сите политички партии на Косово што ги почна вчера, за одредување на датумот на одржување на предвремените парламентарни избори. Според партиските предлози, изборите би требало да се одржат на 8 или на 15 јуни. Вчера по двочасовна дебата, со 90 гласови „за“, четири „против“ и три „воздржани“ беше распуштен четвртиот по ред законодавен дом на Косово.
XS
SM
MD
LG