Достапни линкови

Попоски на министерска конференција ЕУ-Западен Балкан


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Солун ќе учествува на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан. Разговорите на средбата што ја организира грчкото претседателство со Унијата ќе имаат и политички и оперативен елемент. Во две сесии ќе се разговара за напредокот што го оствариле земјите од Западниот Балкан во последните десет години како и предизвиците што им стојат на патот за членството во Унијата.
На состанокот ќе стане збор и за транспортот и енергетското поврзување, ќе се проценат потребите од инвестиции во инфраструктурата и ќе се разменат мислења за подобрување на соработката и финансиската помош.
XS
SM
MD
LG