Достапни линкови

Адвокатите на Царнаев бараат отфрлање на неговата изјава


Фотографија на Џохар Царнаев

Фотографија на Џохар Царнаев

Адвокатите на осомничениот за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон, Џохар Царанаев соопштија дека изјавата што ја тој ја дал на властите во болницата по неговото апсење може да не биде прифатена на суд поради тоа што неговите уставни права биле прекршени. Според адвокатите, Царнаев бил несоодветно испрашуван без присуство на адвокат по 36 часа откако се уште не бил закрепнат од сериозните повреди кои ги здоби за време на неговото апсење.
Тие побарале од судијата да бид укината можноста за тој да биде осуден на смртна казна бидејќи државата Масачусетс е против нејзино спроведување.
XS
SM
MD
LG