Достапни линкови

Оро за Гинис со 18 илјади играорци


Оро за Гинис в сабота на 10 мај ќе се игра од Мостот на поезијата во Струга до локалитеот Горица во Охрид. Се очекува во орото да се фатат повеќе од 18. 000 луѓе

Оро за Гинис в сабота на 10 мај ќе се игра од Мостот на поезијата во Струга до локалитеот Горица во Охрид. Според организаторите тоа ќе биде атракција не само за Македонија туку и пошироко. Се очекува во орото да се фатат повеќе од 18. 000 луѓе, без разлика на возраста, нацијата и полот, вели Насер Хот, советник во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Самата дистанца од едното до другото место е 18.400 метри, по некоја проценка е едно метро по еден човек.
Насер Хот, Агенција за поддршка и промоција на туризмот.


Помалку важно е дали ќе влеземе во Гинис или не. Најважно од сè е да се виде целиот тој колорит, но и да го означиме почетокот на новата туристичка сезона и симболично да одбележеме неколку значајни јубилеи, како што се 60 години од постоење на Танец и 1000 години од Самоиловото царство, вели Хот.


„Сето тоа ќе се обидеме да го споиме во едно такво оро, сите фатени за раце, заеднички да се сплотиме и да го одиграме она што е во нашата традиција тој 7/8 такт. Самата дистанца од едното до другото место е 18.400 метри, по некоја проценка е едно метро по еден човек. Орото ќе биде по стариот пат Охрид-Струга. Сите странци кои се овде ќе можат да се вклучат во орото и да допринесат за создавање на една сплотеност“, рече Хот.
Тоа е добар маркетиншки потег. Ако тоа така се регулира и ако влеземе во Гинис ќе добијеме и во пошироки размери претставување.
Дончо Танески, ХОТАМ.

Рекордот кој Македонија треба да го сруши е рекорд на 17.000 луѓе но кои играле кинеско оро. Орото по кое ќе се игра се вика „По вазден те гледам“, а автор е Зоран Џорлев и претставува компилација на две стари македонски ора.

Дончо Танески претседател на ХОТАМ вели дека орото за Гинис ќе биде уште еден начин за промоција на Охрид и Струга во меѓународни рамки.

„Информацијата ќе се пласира и дома кај нас и во земјите во опкружувањето и во цела Европа. Тоа е добар маркетиншки потег. Ако тоа така се регулира и ако влеземе во Гинис ќе добијеме и во пошироки размери претставување. Не значи тоа дека ќе почнат реки луѓе да доаѓаат, но ќе има некакво влијание врз процентот на гости, бидејќи тие кои ќе слушнат ќе се заинтересираат, ќе влезат на интернет да видат каде се Охрид и Струга“, рече Танески.

Стефан Димоски, портарол на СВР Охрид, рече дека полицијата ќе се вклучи во регулирање на сообраќајот за се да помине во најдобар ред.

„Ние ќе бидеме присутни на првентивен план пред се во делот на целото подрачје. Привремено ќе биде во застој сообраќајот на стариот пат. Целата траса на поминување на орото ние ќе имаме соодветно обезбедување.Нема да има посебни застои кои ќе го нарушат нормаалниот тек на сообраќајот“, рече Димоски.
XS
SM
MD
LG