Достапни линкови

Доделени пратеничките мандати, СДСМ не дојде


Опозицијата денеска не ги подигна увренијата за пратеничките мандати кои ги освои на предвремените парламентарни избори. Во ДИК велат дека ќе им ги испратат на домашна адреса.

Кандидатите на опозицијата кои освоија 34 пратенички места на предвремените парламентарни избори не дојдоа на врачувањето на уверенијата во ДИК. Уверението за својот мандат не дојде да го подигне и лидерот на НДП, Руфи Османи, чија партија освои едно пратеничко место на изборите. Додека траеше врачувањето на уверенијата на новите парламентарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ, своето дојде да си го подигне и премиерот Никола Груевски, кој само се заблагодари и не сакаше ништо дополнително да коментира.
За тие што денеска не ги подигнаа уверенијата, ние ќе им ги испратиме лично, бидејќи имаме и адреси на кандидатите што учествуваа на изборите.

Потпретседателот на ДИК, Сухби Јакупи вели дека до нив не стигнало никакво известување од опозицијата за неприфаќањето на мандатите, така што сè е во согласност со изборните прописи.

„За тие што денеска не ги подигнаа уверенијата, ние ќе им ги испратиме лично, бидејќи имаме и адреси на кандидатите што учествуваа на изборите. Тие имаат лични изјави со адреса, така што можеме да ги пратиме“, вели Јакупи.
Сите пратеници коишто добиле глас од граѓаните имаат должност да ги претставуваат во македонското Собрание и демократска зрелост и капацитет ќе покаже оној пратеник којшто ќе го оправда својот мандат и довербата што ја добил од граѓаните.

Пратеникот на владејчката партија Антонио Милошоски рече дека ДИК беспрекорно ја завршила процедурата за изборите, кои ја покажале волјата на граѓаните.

„Сите пратеници коишто добиле глас од граѓаните имаат должност да ги претставуваат во македонското Собрание и демократска зрелост и капацитет ќе покаже оној пратеник којшто ќе го оправда својот мандат и довербата што ја добил од граѓаните на Република Македонија, а станувајќи пратеник во Собранието и заземајќи ја таа одговорност се дава поддршка и за угледот и демократската зрелост на Република Македонија“, вели Миошоски.

Џеват Адеми од ДУИ веле дека тие биле вистинските победници на изборите бидејќи освоиле рекорден број на пратеници.

„Како учесници на овие избори направивме сè, и за време на кампањата и за денот на изборите, сè да биде во најдобар ред, во фер конкуренција и во демократска атмосфера“, вели Адеми.

На врачувањето на уверенијата не беше присутен и претседателот на ДИК Никола Рилкоски, кој само најавил дека ќе биде отсутен без да ја образложи причината, исто како и членовите на Комисијата предложени од СДСМ.

„Претседателот ми се јави дека ќе биде отсутен денеска и ме замоли во име на ДИК јас како потпретседател да ги врачам уверенијата“, рече Јакупи.

Според него, од нивна гледна точка, изборите биле фер и демократски организирани. Во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG