Достапни линкови

Путин повика на одложување на референдумот во источна Украина


Швајцарскиот претседател Дидие Бурхалтер и рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Москва.

Швајцарскиот претседател Дидие Бурхалтер и рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика сепаратистите во источна Украина да ги одложат плановите за референдум за самоопределување што требаше да се одржи на 11 мај. Зборувајќи по денешната средба со швајцарскиот претседател Дидие Бурхалтер во Москва, Путин ги повика сепаратистите да го одржат референдумот подоцна.

Во исто време, Путин ги повика властите во Киев веднаш да ја прекинат безбедносната операција во источна Украина која има цел враќање на контролата врз градовите што ги држат сепаратистите.

Тој исто така рече дека планираните претседателски избори во Украина закажани за 25 мај, нема да помогнат да се решат проблемите во земјата и ги обвини „организаторите на февруарскиот државен удар“ дека дозволиле ситуацијата во Украина да излезе од контрола. Путин рече дека пристапот на Русија и на ОБСЕ за решавање на конфликтот во Украина се совпаѓаат „во значителен степен“.

Бурхалтер на средбата ја истакна важноста од отворање дијалог за Украина и ставање крај на крвопролевањето. Швајцарскиот претседател годинава е ротирачки претседавач со ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG