Достапни линкови

Распуштено Собранието на Косово, изборите на 8 јуни


Kosovo -- Prime Minister Hashim Thaci (C) addresses lawmakers during a parliament session in Pristina, April 23, 2014

Kosovo -- Prime Minister Hashim Thaci (C) addresses lawmakers during a parliament session in Pristina, April 23, 2014

Парламентот на Косово денеска се самораспушти, отворајќи пат за одржување на предвремени парламентарни избори следниот месец. Деведесет од вкупно 115 присутни пратеници гласаа за распуштање на Парламентот. Четворица беа против, а тројца воздржани. Лидерите на сите главни политички партии во Косово се договорија предвремените парламентарни избори да бидат одржани на 8 јуни, наместо во ноември. Парламентот требаше да гласа за новата армија во понеделникот. Премиерот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе биде распуштено Собранието на Косово и оти гласањето за војската на Косово и резервираните места за малцинствата, ќе останат на новиот собраниски состав.
XS
SM
MD
LG