Достапни линкови

Меѓународните претставници на средби со властите во Киев


Меѓународните претставници се сретнаа со привремените власти во Киев, додека во источните региони на земјата сè уште трае бунтот на проруските сепаратисти. Американските и европски земји ги засилија дипломатските активности во Украина во пресрет на претседателските избори во земјата закажани за овој месец. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, по денешната средба со украинските власти во Киев, изјави дека ако Русија ги спречи изборите, тоа ќе биде „удар за демократијата“. Тој рече дека „Русија не презела ниту еден чекор“ за имплементација на договорот од Женева. Со украинскиот в.д. претседател Олександр Турчинов денеска во Киев се сретна и потсекретарот за политички прашања на ОН, Џефри Фелтман. Во меѓувреме, владините сили ја презеле контролата врз градското собрание во источното пристаниште Мариупол по тешките борби со проруските милитанти во текот на ноќта. Има извештаи дека во борбите имало и жртви. Сепак, откако украинските сили ја напуштиле зградата, таа била повторно заземена од проруските бунтовници.
XS
SM
MD
LG