Достапни линкови

Црвенковски - Ни јас, ни Заев не сме решение


Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

На СДСМ му треба нов лидер, вели поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски во интервју за Дојче веле. За оваа ситуација не сме решение ни јас, ни Заев, вели тој и посочува дека претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски со освоените 400 илјади гласови, наспроти 280-те илјади на СДСМ има „кредибилитет кој мора да се респектира“. Црвенковски вели дека ја поддржува одлуката да не се признаат изборите, но посочува дека со таа одлука се прогласи и пораз на концептот на конструктивност промовиран лани од новото раководство на партијата.
XS
SM
MD
LG