Достапни линкови

Бугарија и Романија европски рекордери во намалување на штетни гасови


Илустрација.

Илустрација.

Бугарија и Романија во 2013 година биле меѓу земјите од ЕУ со најголемо намалување на емисиите на штетни гасови. Тие ја намалиле емисијата на штетни гасови за 10,2, односно за 14,6 отсто, во спореба со просекот од 2,5 отсто во целата ЕУ, покажуваат податоците на Евростат. Емисиите на јаглерод диоксид придонесуваат многу за глобалното затоплување и претставуваат околу 80 отсто од емисиите на штетни гасови во ЕУ. Во 2013 година, јаглеродните емисии се намалени во 22 земји-членки на ЕУ. Највисоки емисии на штетни гасови имало во Германија (760 милиони тони или зголемување од два проценти на годишна основа), по што следуваат Велика Британија (455 милиони тони), Франција (364 милиони тони), Полска (290 милиони тони), Шпанија (224 милиони тони) и Холандија (162 милиони тони). Тие седум земји произвеле вкупно 77 отсто од емсиите на јаглерод диоксид во ЕУ во 2013 година.
XS
SM
MD
LG