Достапни линкови

Руска „патриотска“ бушава азбука


Децата во сибирскиот град Иркутск ја учат руската азбука со нови илустрации и голема доза на политика, маскирана со патриотизам.

Руската про-владината организација Проект нетворк, изготви плакат, кој би требало да им помогне на основците полесно да ги научат 33-те букви на руската азбука.
Буквата Ъ е објаснета со зборот цврстина и фотографија од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.


Тоа помагало ги води децата низ азбуката од буквата А, која е објаснета со Антимајдан, односно, руските противници на властите во Киев, преку буквата П за Путин, или Р за Русија.

На плакатот има и уште позбунувачки слики и објаснувања за одредени букви, како на пример за буквата Ъ, објаснета со зборот цврстина и фотографија од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Децата можеби и разбираат дека за буквата Б објаснувањето е Беркут, што е птица, но тешко дека можат да сфатат зошто има слика од амблемот на расформираната специјална полициска единица, озлогласена поради акциите на Мајдан.

Дека во илустрациите има и многу актуелна политика, сведочи и фактот што буквата Д е поврзана со градот Доњецк во Украина, а буквата Г е објаснета со граница и фотографија од граничен столб во црвено–зелени бои, какви што има на руско–украинската граница.
Буквата В, која е поврзана со рускиот збор вежливост, што значи љубезност или учтивост, е илустрирана со фотографија од вооружен војник како му дава маче на дете.


На многу необичен начин е објаснета и буквата В, која е поврзана со рускиот збор вежливост, што значи љубезност или учтивост, но и фотографија од вооружен војник како му дава маче на дете.

Според објаснувањата на членовите на Проект нетворк, кои ги делат новите постери со азбуката низ училиштата, тие имаат за цел да го поттикнуваат патриотизмот кај децата. Покрај во Иркутск, ваквите учебни помагала, како што е најавено, ќе бидат дистрибуирани во други градови во Русија.

„Децата мора да ја сакаат својата татковина и да учат за неа, како и да ги почитуваат сопствениот народ и култура“, велат авторите на постерот.

Во тој стил за буквата И, објаснувањето е историја, илустрирана со цртеж на војник на Црвената армија со советско знаме со срп и чекан на зградата на Рајхстагот, како симболика за крајот на Втората светска војна.

Сепак, децата имаат прилика да научат и нешто ново, како на пример преку биквата Й, преку логото на Јотафон, руски сурогат за смартфон, или пак за буквата Ю, која е објаснета со Јужен ток, новиот гасовод. А за да немаат дилема со религијата, за буквата О, симбол е зборот отец и фотографија од патријархот Кирил.

Критичарите, пак направија пародија на ваквиот постер со руската азбука, кој започнува со буквата А со објаснување - алкохол.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG