Достапни линкови

Украинските сили ги протераа про руските сили од Собранието во Марипол


Украински медиуми јавија дека владините сили ја превзеле контролата врз градското собрание во источното пристаниште Мариупол по тешките борби со про-руските милитанти во текот на ноќта.

Веста дека Националната гарда ги принудила бунтовниците да го напуштат Собранието ја потврдија и руските медиуми.

Сепаратистите за Интерфакс изјавија дека украинските безбедносни сили привеле 11 лица кои воделе кампања за референдум за независност на регионот закажан за 10 мај.

Про-Русија сепаратисти држат повеќе службени згради во десетици градови во источниот дел на Украина.
XS
SM
MD
LG