Достапни линкови

logo-print

Хејг ја продолжи посетата на Украина


Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг ја продолжува посетата на Украина, која ја опиша како знак на поддршка на самостојна демократска држава.

Хејг ја повика владата на Украина да спроведе реформи, за да се изгради пристоен живот за луѓето.

Тој со претседателските кандидати разговара и за престојните претседателски избори на 25 мај.

Британскиот секретар за надворешни работи изјави дека е повеќе од јасно оти Украина е под огромен притисок од руските обиди да ја дестабилизираат земјата и да бидат спречени изборите. Хејг денеска ќе ја посети и Грузија.
XS
SM
MD
LG