Достапни линкови

logo-print

ДИК ќе им ги врачи уверенијата на идните пратеници


Државната изборна комисија денеска ќе им ги врачи уверенијата на избраните пратеници на парламентарните избори, откако вчера ги објави официјалните конечни резултати од предвремените избори на 27 април. Објавувајќи ги резултатите, претседателот на ДИК Никола Рилкоски информира за освоените мандати на партиите што имале доволно гласови да ги пополнат 123-те пратенички места. Според тоа, во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.
Опозицијата соопшти дека нема да ги прифати освоените 34 мандати и оти тоа ќе биде потврдено со заверени нотарски изјави на нивните кандидати за пратеници. Неприфаќање најави и Руфи Османи, единствениот пратеник на НДП што доби мандат.
Конститутивната седница на Собранието се очекува до крајот на неделава. Спикерот Трајко Вељаноски ќе ја свика откако официјално ќе го добие извештајот од ДИК дека предвремените парламентарни избори 2014 може да се сметаат за завршени.
XS
SM
MD
LG