Достапни линкови

logo-print

Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со Путин


Дидие Буркхалтер

Дидие Буркхалтер

Кризата во Украина се очекува да биде на врвот на агендата на денешниот состанок во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот швајцарски колега Дидие Буркхалтер, актуелен претседавач на ОБСЕ. Оваа средба беше најавена од прес службата на Кремљ во понеделникот, по телефонскиот разговор меѓу Путин и германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорот следуваше по ослободувањето на тимот на посматрачи на ОБСЕ, вклучувајќи и четворица Германци, кои беа заробени од страна на про-руски сепаратисти во источна Украина под обвинение дека се шпиони на НАТО.
По интервенцијата на руски претставник за ослободување на посматрачите на ОБСЕ, американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор се согласија дека ОБСЕ треба да игра поголема улога за да помогне во смирувањето на украинската криза.
XS
SM
MD
LG