Достапни линкови

logo-print

Почна судењето на демонстрантите од паркот Гези


Во истанбулскиот суд вчера почна процес против 225 лица, кои учествуваа во протестите во паркот Гези, во јуни минатата година. Против нив се покренати повеќе обвиненија, меѓу кои за нарушување на законите за демонстрации, нанесување штети на државна сопственост, учество во незаконски демонстрации, заштита на криминалци, нанесување штети во храм и друго. Во обвинителниот акт е посочено, меѓу другото, дека демонстрантите пиеле алкохол во истанбулската џамија, во која била укажувана помош за ранетите во протестите.
Антивладините демонстрации ја потресоа Турција по грубата интервенција на полицијата врз луѓето кои протестираа во Истанбул против владиниот проект, што предвидуваше сечење на дрвјата во паркот Гези. Петмина демонстранти го загубија животот за време на протестите.
XS
SM
MD
LG