Достапни линкови

Меркел - Штета е ако Путин присуствува на воена парада на Крим


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека би било „штета“ ако рускиот претседател Владимир Путин отиде на Крим на воената парада по повод Денот на победата против фашизмот. Таа ова го изјави денеска во одговар на новинарско прашање. Русија пред два месеци го анектираше Крим од Украина. Меркел рече дека 9 Мај е многу важен датум за Русија и за победата во Втората светска војна, но додаде дека е срамота таков ден да се користи за парада во такво конфликтно подрачје. Руските медиуми објавија дека Путин ќе присуствува на воената парада на 9 Мај во Севастопол, каде што е седиштето на руската Црноморска флота.
XS
SM
MD
LG