Достапни линкови

Саудиска Арабија растурила милитантна група на Ал Каеда


Илустрација.

Илустрација.

Саудиска Арабија соопшти дека растурила милитантна група на Ал Каеда која планирала атентати врз државни функционери и напади врз владини и врз странски цели. Саудиското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека властите уапсиле 62 члена на групата, од кои 59 се саудиски, а тројца странски државјани. Се трага по уште 44 други луѓе, чии имиња се доставени до Интерпол. Групата имала врски со екстремистички елементи во Сирија и во Јемен. Министерството соопшти дека до апсењето довеле „сомнителни активности на социјалните мрежи“. По бранот крвави напади во Саудиска Арабија од 2003 до 2006 година, саудиските власти го растурија огранокот на Ал Каеда во земјата и уапсија илјадници осомничени милитанти.
XS
SM
MD
LG