Достапни линкови

logo-print

Русија ќе се придржува до договорот СТАРТ со САД


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Русија ќе се придржува до стратешкиот договор со САД за намалување на нуклеарното оружје и покрај нивните разлики за кризата во Украина, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Денеска нема причина да не се исполнува договорот“, рече тој за руската новинска агенција РИА Новости.

Договорот СТАРТ што беше потпишан во 2010 година им овозможува на двете земји да спроведат по 18 инспекции годишно во другата земја. Претставници на руското Министерство за одбрана во март изјавија дека ваквите инспекции може да бидат суспендирани.

Во меѓувреме, шефот на Директоратот за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, Сергеј Кошалев, денеска изјави дека Москва е сè повеќе убедена дека противракетниот одбранбен систем на САД и НАТО „има потенцијал да биде насочен кон Русија“.
XS
SM
MD
LG