Достапни линкови

Полицијата не дозволи протест во Москва, учесниците уапсени


Судење на уапсените за немирите на Плоштадот Болотнаја во Москва во 2012 година.

Судење на уапсените за немирите на Плоштадот Болотнаја во Москва во 2012 година.

Полицијата уапси неколкумина активисти кои се обидоа да одржат протест на Плотшадот Болотнаја во Москва на втората годишнина од немирите што избија таму. Рускиот интернет сајт за човекови права ovdinfo.org објави дека 12 активисти и еден новинар денеска биле притворени, откако ги извадиле транспарентите. Градските власти во Москва претходно предупредија дека нема да дозволат никакви собири на плоштадот по повод двегодишнината од немирите. На 6 мај 2012 година руските опозициски групи го одржаа „Маршот на милионите“ кој заврши со судири меѓу демонстрантите и полицијата на Плоштадот Болотнаја. До насилствата дојде во пресрет на инаугурацијата на Владимир Путин за третиот претседателски мандат. Тогаш беа уапсени повеќе од 400 луѓе, а 28 беа обвинети за нивното учество во немирите.
XS
SM
MD
LG