Достапни линкови

Струга и Охрид со оро за Гинис


Илустрација.

Илустрација.

Со оро на кое ќе бидат сплотени над 18 илјади луѓе и кое ќе се игра од Струга до Охрид, Македонија планира да се запише во Гинисовата книга на рекорди. Орото ќе се развиори на 10 мај точно напладне, од Мостот на поезијата во Струга до месноста Горица во Охрид. Се очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри. Според Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, сплотеноста на луѓето рака под рака ќе претставува вистинска атракција во двете туристички места.

„Дали ќе влеземе во Гинис или не, е помалку битно, важно е да го дадеме оној колорит и да ги одбележиме 65 години од основањето на ансамблот „Танец“, новата туристичка сезона и Меѓународниот ден на танцот“, вели Хот.

Учесниците ќе го изиграат орото „По вазден те гледам“ што го компонира Зоран Џорлев, во кое се споени две стари македонски ора.

Најголемото оро во светот го заиграле 17.200 Кинези.
XS
SM
MD
LG