Достапни линкови

Утре се распушта косовскиот парламент


Лидерите на косовските политички партии на денешната средба со претседателката Атифете Јахјага се согласија утре да се распушти парламентот, со што се отвора пат за одржување на предверемни парламентарни избори на Косово. На утрешната вонредна собраниска седница треба да се утврди и датумот за одржување на изборите. На средбата присуствувале премиерот и лидер на Демократската партија, Хашим Тачи, лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и потпретседателката на Алијасата за ново Косово, Мимоза Кусари-Лила.

Премиерот Хашим Тачи претходно најави дека Собранието на Косово ќе биде распуштено и дека гласањето по предлозите за формирање на Вооружените сили на Косово и за загарантираните места за малцинствата ќе остане за новиот собраниски состав.

„Парламент што не може да формира своја војска нема потреба ни да постои“, рече Тачи на прес-конференцијата по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Приштина.

Тој изјави дека за формирање на Војската на Косово не се гласало заради „изборната грозница на неколку партии“.
XS
SM
MD
LG