Достапни линкови

Косово ги заврши преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација


Eврокомесарот за проширување Штефан Филе и косовскиот премиер Хашим Тачи во Приштина.

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе и косовскиот премиер Хашим Тачи во Приштина.

Косово ги заврши преговорите за склучување Договор за стабилизација и асоцијација со Европската унија, но сè уште мора да работи на реформите и добрососедските односи, изјави денеска во Приштина еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој изрази надеж дека Косово во претстојните месеци ќе оствари доволен напредок во реформите и дијалогот за нормализација, со цел на пролет идната година да го потпише овој договор со ЕУ. Еврокомесарот ги пофали приштинските власти за одлуката за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС и за поддршката за формирање на специјалниот суд за злосторствата на поранешната ОВК, наведени во извештајот на Дик Марти. Филе нагласи дека пред Косово стои многу работа за спроведување на реформите, особено во областа на владеење на правото и заштита на малцинствата, како и на градење добрососедски односи.
XS
SM
MD
LG