Достапни линкови

logo-print

Лавров - Украинската армија да се повлече од источниот дел на земјата


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинските власти треба да ја повлечат армијата од источните региони на земјата за да се намалат тензиите. Според него, би било „малку необично“ да се одржат избори во Украина кога армијата се ангажира против цивилното население.

Лавров рече дека одржувањето на нови меѓународни разговори за намалување на тензиите во Украина би биле „вртење во круг“ и дека напредок би бил можен само ако на преговарачката маса седнат претставници на украинските региони каде што се зборува руски јазик.

Лавров ова го изјави денеска во Виена по состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг пред средбата изјави дека шефовите на дипломатиите треба да ѝ испратат порака на Русија да не се меша во претседателските избори во Украина закажани за 25 мај.
XS
SM
MD
LG