Достапни линкови

Европската интеграција важен приоритет за Македонија


Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со поранешните вицепремиери за евроинтеграции со кои размени мислења, идеи и искуства. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на состанокот присутните заеднички ја истакнаа европската интеграција како важен приоритет за Република Македонија, а во таа насока и цврстата определба на земјата за што поскора интеграција во ЕУ. На средбата се искористи можноста за информирање на поранешните вицепремиери за статусот на реформскиот процес предвиден според Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), искористеноста на ИПА, како и за подготовките на ИПА 2014-2020. На Форумот се дискутираше и за актуелните случувања во регионот и процесот на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и политичките и економски движења во Европа, се наведува во соопштението. Средбата е во рамки на активностите за одбележување на Денот на Европа - 9 Мај, а како континуитет на веќе одржаните состаноци.
XS
SM
MD
LG