Достапни линкови

Белорусија затвора опозиционери пред Светското во хокеј на мраз


Белоруската влада затвори нови опозициски активисти во пресрет на Светското првенство во хокеј на мраз што треба да се одржи во Минск. Белоруската опозиција повика на меѓународен бојкот на првенството. Тројца опозициски активисти денеска беа осудени на казни затвор од 10 до 20 дена, на три дена пред отворањето на шампионатот во главниот град на оваа поранешна советска република. Тие беа прогласени виновни за мало хулиганство и пружање отпор на полицијата. Минатата недела неколкумина младински активисти беа осудени на казни затвор од 15 до 25 дена за слични обвиненија. Лидерот на нерегистрираното политичко движење Младински фронт, Змитсер Дашкевич, минатата недела беше осуден на 25 дена затвор за прекршување на условната казна. Активистите велат дека власта ги затвора за да ги спречи да протестираат за време на првенството.
XS
SM
MD
LG