Достапни линкови

Високиот комесар за човекови права на ОН загрижен поради Украина


Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај.

Високиот комесар за човекови права на ОН изрази загриженост поради ситуацијата во источна Украина. Во денешното соопштение, Руперт Колвил, портпарол на комесарот, ги повикува сите страни вклучени во конфликтот да најдат мирно решение на кризата. Колвил ја повикува украинската влада да се осигура дека воените и полициски операции се спроведуваат во согласност со меѓународните стандарди и темелно да ги истражат насилствата, вклучувајќи го и пожарот во Домот на синдикати во Одеса минатата недела каде што загинаа десетици луѓе. Во соопштението се наведува и дека вооружените опозициски групи мора да ги сопрат сите нелегални акции, вклучително и киднапирањето луѓе и заземањето владини згради, да го предадат оружјето, да ги ослободат луѓето што ги притвориле и да ги напуштат јавните и административни згради што ги окупирале.
XS
SM
MD
LG