Достапни линкови

Хејг: Русија сака да ги спречи претседателските избори во Украина


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска дека Русија се обидува да ги наруши претседателските избори во Украина, закажани за 25-ти мај. По пристигнувањето во Виена на состанокот на Советот на Европа посветен на Украина, Хејг оцени дека украинците имаат право да си изберат претседател на слободни и демократски избори. Околу 30 шефови на дипломатии ќе учествуваат на состанокот во Виена, меѓу кои и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и украинскиот, Андреј Дешчица.
XS
SM
MD
LG