Достапни линкови

Средба на медијаторот Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис во Њујорк


Во Њујорк денеска се одржува новата рунда разговори на посредникот во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Средбата се очекува да започне околу 15 часот по македонско време, во седиштето на Обединетите нации, по што ќе следи и изјава за медиумите. Согласно воспоставениот формат на средбите, Нимиц вчера имаше одделни средби со учесниците во разговорите.
Нимиц ги интензивираше разговорите во Њујорк во пресрет на самитот на НАТО во Британија кој е предвиден за септември, и покрај одржувањето на избори во двете земји. Тој свика средба во Њујорк на 26 март, пред македонските претседателски и парламентарни избори, а денешната рунда доаѓа пред грчките избори за Европскиот Парламент и локалните избори кои се одржуваат на 25 мај. По последната рунда разговори Нимиц изјави дека не бил постигнат напредок, но била постигната согласност за поинтензивни разговори. Се очекува по грчките избори, Нимиц да ги посети и двете земји.
XS
SM
MD
LG