Достапни линкови

Авганистан: продолжува потрагата по закопаните тела од лизгањето на земјиштето


Во Авганистан се во тек операции за пребарување на телата на селаните кои биле закопани по лизгањето на земјиштето во североисточната провинција Бадакшан. Акцијата се спроведе на барање на роднините на исчезнатите кои се жалеа на одлуката на владата да се запре работата. Лизгањето на земјиштето по поројните дождови го уништи селото Ааб Барек на 2 мај, со голем број жртви кои се смета дека се закопани под 50 метри кал која каскадно паѓа во клисурата. Пребарувањето беше откажано во текот на викендот поради провалијата која не е пристапна за тешка машинерија. Само околу 350 тела се извлечени од катастрофата, а повеќе од 2.000 луѓе се уште се водат за исчезнати. Околу 700 семејства се раселени од катастрофата и живеат на отворено околу разурнатото село.
XS
SM
MD
LG