Достапни линкови

logo-print

Молдавските воени сили во состојба на зголемена готовност


Молдавија ги постави нејзините погранични сили во состојба на готовност , поради опасноста од влошување на безбедноста и ескалација на насилството во соседна Украина. Молдавските лидери го објавија овој потег откако Киев распореди елитна воена единица во пристаништето на Украина и откако во борбите во источна Украина загинаа владините трупи и про-руски сепаратисти. Молдавскиот претседател Николае Тимофти , премиерот Јури Леанка и парламентарниот спикер Игор Корман рекоа во заедничката изјава дека на безбедносните сили им е наредено " да ги преземат сите потребни дејствија за да се обезбеди јавен ред во земјата. " Тие , исто така, ја потврдија поддршката на Молдавија за украинскиот територијален интегритет. Молдавија има околу 1.500 руски сили стационирани во отцепениот регион на Трансдњестар . Сепаратисти во Трансдњестар неодамна побараа да се обединат со Русија. Проевропскиот премиер на Молдавија предупреди од " провокации " од Трансдњестар. Официјални претставници на НАТО предупредија дека Трансдњестар може да стане цел на руската воена активност.
XS
SM
MD
LG