Достапни линкови

logo-print

СЗО: епидемијата на Полио станува нова глобална закана


Бројот на случаи на полио во Пакистан достигнува огромни размери откако Светската здравствена организација (СЗО) најави дека новите случаи на болеста предизвикаа вонредна состојба. Муфтија Зубаир, шеф на одделот за детска парализа на СЗО, изјави за РФЕ / РЛ на 5 мај дека имало 59 Полио случаи регистрирани во Пакистан до крајот на април. Тој рече дека значајно е зголемен бројот на пријавени на крајот од април во 2013, за шест или седум случаи Организацијата на ОН вели во соопштението на 5 мај дека новите Полио епидемии имаат креирано "вонредна" ситуација која бара меѓународна соработка. Епидемии на детската парализа беа претходно прогласени во - Ирак, Сирија и Сомалија. Набљудувачите велат дека ширењето на детската парализа може да ги поткопа речиси 30-годишните напори за искоренување на болеста.
XS
SM
MD
LG