Достапни линкови

Тим инспектори на МААЕ во Иран


Тим инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е во Иран, со план да го посети рудникот со ураниум и објектот за обработка на ураниум. Техеран вели дека го има исполнето договорот од февруари со нуклеарното надзорно тело на ОН. Во Њујорк, преговарачите од Иран, Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД се состанаа во текот на оваа недела за да се обидат да ги решат најтешките прашања од трајната спогодба која треба да се потпише до 20 јули, по постигнатата привремена спогодба постигната минатиот ноември. Разговорите во Њујорк се случуваат пред следното министерско ниво на преговори во Виена на 13 мај.
XS
SM
MD
LG