Достапни линкови

Средба на Лавров и Дешчица во Виена


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и в.д. министерот за надворешни работи на Украина Андриј Дешчица се во Виена на состанок на комитетот на Советот на Европа на кој се очекува да доминирана украинската криза. Австрiското министерство за надворешни работи вели дека двајцата ќе присуствуват на "работната вечера" на 6 мај, заедно со други министри за надворешни работи на Советот на Европа. Москва одбива да ја признае владата на Дешчица поддржана од Западот. Последен пат Лавров и Дешчица официјално се состанаа во Женева на 17 април, кога се постигна договорот за деескалација на кризата во Украина. Околу 30 министри за надворешни работи од 47 држави на Советот на Европа се очекува да присуствуваат во Виена . Министрите за надворешни работи на Германија и Франција не закажале присуство.
XS
SM
MD
LG