Достапни линкови

Оправдувањето на нацизмот - кривично дело во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој оправдувањето или негирањето на нацистичките воени злосторства станува кривично дело. Оние кои ќе бидат прогласени за виновни се соочуваат со казна затвор до 5 години или казна од 500 илјади рубљи, односно околу 14 илјади долари. Законот се однесува на оние кои ќе ги изнесат ваквите тврдења јавно, особено преку медиумите. Казниво ќе биде и свесното ширење на „лажни информации за советските активности во Втората светска војна“.
XS
SM
MD
LG