Достапни линкови

Москва го повикува Киев да го прекине крвопролевањето во источна Украина


Русија денеска ја повика украинската влада да ја запре операцијата против проруските сепаратисти во источна Украина и да почне разговори за решавање на кризата. Руското министерство за надворешни работи соопштува дека во градовите каде што украинските сили се обидуваат да ги отстранат проруските сепаратисти демне хуманитарна криза. Москва ги повикува властите во Киев да го прекинат крвопролевањето, да ги повлечат своите сили и конечно да седнат на преговарачка маса и да почнат нормален дијалог за начинот на решавање на полтичката криза.
XS
SM
MD
LG