Достапни линкови

Иранска воена делегација во посета на Кина


Иранска воена делегација, предводена од министерот за одбрана Хосеин Декан, е во посета на Пекинг на разговори за соработка. Тие денеска се сретнаа со кинескиот министер за одбрана Чанг Ванкуан. Според државната кинеска новинска агенција Ксинхуа, Чанг го поздравил зајакнувањето на воените односи меѓу двете земји. Декан изјави дека зајакнувањето на воените врски меѓу Иран и Кина придонесува во борбата против екстремизмот, тероризмот, шверцот на дрога и пиратеријата. Тој рече дека „моќна Кине е гарант на меѓународната безбедност и мир“ и додаде дека „моќен Иран е гарант на мирот, стабилноста и трајната безбедност во стратешкиот регион на Персискиот Залив“. Посетата на иранската делегација на Кина доаѓа во пресрет на планираната посета на иранскиот претседател на Пекинг.
XS
SM
MD
LG