Достапни линкови

Вилијам Бурнс оваа недела во посета на Казахстан


Американскиот заменик државен секретар Вилијам Бурнс.

Американскиот заменик државен секретар Вилијам Бурнс.

Американскиот заменик државен секретар Вилијам Бурнс оваа недела треба да го посети главниот град на Казахстан, Астана. Американската амбасада во Казахстан денеска соопшти дека Бурнс ќе ја посети Астана на 7 и 8 мај за да „ја афирмира долгогодишната посветеност на САД за безбедност и просперитет во Централна Азија“. Во соопштението се наведува дека „САД гордо соработуваат за голем број прашања, вклучувајќи го и зголемувањето на регионалната безбедност, зголемувањето на просторот за трговија и економски ангажман и зајакнувањето на поддршката за граѓанското општество и човековите права“. Со казахстанските претставници, Бурнс ќе разговара за билатерални и регионални прашања поврзани со безбедноста, политиката и економијата.
XS
SM
MD
LG