Достапни линкови

Боко Харам стои зад киднапирањето стотици нигериски ученички


Нигериската исламистичка милитантна организација Боко Харам денеска соопшти дека стои зад киднапирањето на стотици ученички минатиот месец. Лидерот на организацијата, Абубакар Шекау, во новата видео порака вели дека Боко Харам стои зад киднапирањето на 276 девојчиња од нивното училиште во државата Борно на 14 арпил. Тој вели дека сакал да ги продаде киднапираните девојчиња како робови. Боко Харам значи „западното образование е зло“. Нигериските власти соопштија дека 53 девојчиња успеале да избегаат од милитантите. Претседателот Гудлак Џонатан и неговата администрација се под зголемен притисок да дејствуваат по киднапирањето на девојчињата. Во меѓувреме, очевидци велат дека полицијата ја уапсила Наоми Мута Нјадар, жената што ги организираше масовните протести по киднапирањето. Порптаролот на првата дама Пејшнс Џонатан ги негираше наводите дека токму таа го наредила апсењето на Нјадар.
XS
SM
MD
LG