Достапни линкови

logo-print

Најмалку 22 мигранти се удавиле во Егејското Море


Илустрација.

Илустрација.

Грчките власти соопштија дека најмалку 22 луѓе, меѓу кои и деца, се удавиле, а десетици се водат како исчезнати откако два брода со бегалци денеска потонале во источниот дел на Егејско Море, во близина на островот Самос. Се прецизира дека 18 тела на загинати биле пронајдени во еден од превртените бродови, а четири тела биле пронајдени во морето. Претходно, грчката крајбежна стража соопшти дека биле спасени 36 луѓе. Засега не е позната националноста на бегалците. Грција и Италија се главните земји преку кои бегалци од Африка и од Азија се обидуваат да влезат во Европската унија.
XS
SM
MD
LG