Достапни линкови

Расте бројот на заболени од детска парализа во Пакистан


Вакцинирање против детска парализа во Пакистан.

Вакцинирање против детска парализа во Пакистан.

Бројот на заболени од детска парализа во Пакистан расте, објави Светската здравствена организација. Шефот на одделот за детска парализа на СЗО, Зубаир Муфти, денеска изјави дека до крајот на април годинава во Пакистан биле регистрирани 59 случаи на болеста, додека пред една година имало шест или седум случаи. Според Светската здравствена организација, ширењето на болеста е „исклучителна“ ситуација и бара меѓународна соработка за борба против неа. Епидемии на детска парализа беа пријавени и во земји во кои таа претходно беше искоренета – Ирак, Сирија и Сомалија. Набљудувачите велат дека ширењето на детската парализа може да ги поткопа 30-годишните напори за искоренување на болеста.
XS
SM
MD
LG