Достапни линкови

Американскиот „Чарлс мингус ансамбл“ со турнеја по Македонија


Macedonia - Charles Mingus ensemble - jazz band from the United States.

Macedonia - Charles Mingus ensemble - jazz band from the United States.

Од 6 до 9 мај, серија концерти и работилници во земјава ќе одржи американскиот „ЧАРЛС МИНГУС АНСАМБЛ“. Станува збор за состав што го чинат врвни млади музичари предводени од влијателниот композитор, диригент и флејтист Џејмс Њутон, кој со својот квинтет во Македонија по прв пат гостуваше во 1990 година кога настапи на Скопски џез фестивал.

Легендарниот Џејмс Њутн на флејта, веќе одомаќениот Дејв Вилсон на саксофон, Зак Рамејсиер – труба, тромбонистите Масаи Марселин и Јона Левин, Кифер Шеклфорд на пијано, Форест Мичел – тапани и Ерик Шибоски на бас се американските џез-музичари кои собрани како „ЧАРЛС МИНГУС АНСАМБЛ“, во деновите од престојнава недела, ќе одржат серија на концерти и работилници во Република Македонија и во соседно Косово.
Ми рече Дејв ние мора да одиме и да свириме таму. Таква енергија и такви вибрации има само на Скопски џез фестивал. Тоа ми беше уште една потврда дека таа клима за вистински џез овде постои и едвај чекам да започнат концертите.


Турнејата започнува овој вторник, на 6 мај, во 20,30 часот во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Потем следува посетата на Приштина, за 8 мај е предвиден нивниот перформанс во охридскиот клуб „Џез-ин“, за да конечно финалниот концерт се случи еден ден подоцна во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Дејв Вилсон.

Дејв Вилсон.


Овие настапи на Ансамблот „ЧАРЛС МИНГУС“ од Универзитетот на Калифорнија – Лос Анџелес претставуваат навистина ретка можност за македонските љубители на џезот да ги видат и чујат музичарите кои се сметаат за едни од најталентираните млади инструменталисти на актуелната американска сцена. Тие веќе подолго време делуваат по силно влијание на легендарниот композитор, диригент, флејтист и водач на различни формации Џејмс Њутон, кој со својот квинтет по прв пат во Македонија настапи во 1990 година на Скопски џез фестивал.
За мене начинот на живеење овде во Македонија е полн со импровизација. Секој момент импровизираш во контактите со луѓето, во муабетите, договорите...а тоа е смислата на џезот, на самата музика.

Идејата за овој тип проекти првично е промовирана во 2012 година кога „ЧАРЛС МИНГУС АНСАМБЛ“ извесен период престојувале во Мексико Сити и оствариле плодна соработка со тамошните џез музичари. Следниот исчекор го прават токму со посетата на овој дел од Европа кој се остварува благодарение на саксафонистот, композиторот и етномузикологот Дејв Вилсон, кој безмалку дела една деценија претстојува во Република Македонија и нималку не му е непознат на овдешното џез-братство.
Џејмс Њутон.

Џејмс Њутон.


„Кога бевме во Мексико, на првата наша станица од овој наш поголем проект, веднаш почувствував дека помеѓу тамошните студенти и моите колеги од УКЛА проструи силна енергија. И кога му спомнав на професорот Џејмс Њутон дека извесно време ќе престојувам во Македонија, тој бидејќи неколку пати има свирено на Скопскиот џез фестивал, нималку не размислуваше за нашиот втор чекор од проектот. Ми рече Дејв ние мора да одиме и да свириме таму. Таква енергија и такви вибрации има само на Скопски џез фестивал. Тоа ми беше уште една потврда дека таа клима за вистински џез овде постои и едвај чекам да започнат концертите и сејшните онаму каде што ќе одиме за да си ги потврдам таквите констатации“, вели Вилсон.

Роден пред 34 години во Чикаго, Дејв Вилсон студирал во Индијана, а сега живее и работи во Калифорнија. Течно зборува македонски јазик, а во моментов ја привршува својата докторска дисертација, која е всушност анализа на жанровското шаренило и музичките сцени во нашава земја. Љубителите на џезот го познаваат и по честите настапи по скопските клубови и соработките со музичари како Тони Китановски, Александар Секуловски, Васил Хаџиманов...Во март годинава беше промовирано негово современо класично дело на реномираната манифестација Денови на македонска музика.
За себе знае да каже дека е истражувач кој милува да ја ужива слободата на творењето и импровизацијата на просторот каде што се нашол и на кој секогаш ќе му се навраќа.

„За мене начинот на живеење овде во Македонија е полн со импровизација. Секој момент импровизираш во контактите со луѓето, во муабетите, договорите...а тоа е смислата на џезот, на самата музика. Во Македонија ние не го живееме американскиот начин на живот...според распоредот на обврските, паузите за кафе или појадок...Овде сме послободни во тој однос. Ако се сретнеш со некој на улица, веднаш седнуваш на кафе-муабет. И тоа е импровизација. Импровизирате дури и во разговорот. Тоа мене ме потсетува на свирењето некој инструмент. Затоа можам да кажам дека овде џезот и културата на живеење се едноставно блиски.“

Инаку, Вилсон работи и на неколку паралелни проекти со локалните музичари за кои е убеден дека кога тогаш ќе бидат документирани, а знае да каже и тоа дека во неговата докторска теза ќе се најдат сите негови впечатоци и пораки по престојот во Македонија кој несомнено ќе бидат интересни за публиката и особено за сите оние кои што поодамна раскрстиле со предрасудите во однос на упатеноста на културите една кон друга.

„Целта ми е културите да се разберат малку повеќе и заедно да се упатиме кон таков свет – полн со взаемно разбирање и соработка. И самиот џез се потпира на тие постулати – преку музиката можеме да ја оствариме најслободната и најпријателска комуникација. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG