Достапни линкови

logo-print

Косовскиот Парламент ја одложи одлуката за формирање вооружени сили


Илустрација.

Илустрација.

Косовскиот Парламент го одложи за утре разгледувањето на прашањето за формирање на вооружени сили на Косово. Парламентот со 33 гласови „за“ и два „против“ се изјасни за одлагање на точката, која беше на дневен ред на денешната седница. Одлагањето на дебатите по оваа точка беше предложено од претседателите на парламентарните групи на Демократската партија на Косово и на Алијансата за иднината на Косово, Адем Грабовица и Ардијан Џини. Претседателот на Парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово, Исмет Беќири изјави дека за неговата партија прашањето не претставува проблем и оти кога ќе дојде на дневен ред во Парламентот, нејзините пратеници ќе гласаат „за“. Српските пратеници претходно изјавија дека се против формирањето на косовска армија.
XS
SM
MD
LG