Достапни линкови

Разговори за нуклеарната програма на Иран


Архивска фотографија: Разговори за нуклеарната програма на Иран.

Архивска фотографија: Разговори за нуклеарната програма на Иран.

Нуклеарните експерти од Иран и шесте светски сили денеска во Њујорк ги почнуваат средбите за постигнување договор што ќе ја ограничи иранската нуклеарна програма и ќе ја намали загриженоста на западот дека Техеран се обидува да направи атомска бомба. Крајниот рок за постигнување договор е 20 јули. Надежите дека договор е можен ги засили вчерашното соопштение од Техеран дека ќе дозволи посета од меѓународните нуклеарни инспектори оваа недела. Тимот инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија веќе пристигнаа во Иран, каде што денеска и утре ќе посетат рудник за ураниум и постројка за обработка на ураниум. Мисијата на Агенцијата е предводена од шефот на работната група за Иран, Масимо Апаро. Разговорите во Њујорк се подготовка за наредните преговори на министерско ниво кои се закажани за 13 мај во Виена.
XS
SM
MD
LG