Достапни линкови

Тешки борби во Славјанск во источна Украина


Тешки борби денеска се водат во предградие на Славјанск во источна Украина. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека има загинати во борбите меѓу украинските сили и проруските милитанти кои го контролираат градот. Бунтовниците наводно се повлекуваат кон центарот на градот, откако владините сили ја презедоа контролата врз телевизиската кула во јужното предградие Андрејевка. Славјанск, град со 140 илјади жители, е еден од низата градови во источна Украина кои се под контрола на проруските бунтовници. Владата најави дека ќе ја продолжи „антитерористичката“ операција сè додека не ја поврати контролата врз овие градови. В.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов, рече дека Русија „е во војна“ со неговата земја. Москва ги негира обвинувањата на владата во Киев дека ги поттикнува насилствата во источна и во јужна Украина.
XS
SM
MD
LG