Достапни линкови

logo-print

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар


Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,5 денари, на Еуродизелот 67,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,71 денари за килограм.
XS
SM
MD
LG