Достапни линкови

Притисок и поттик од Нимиц за името


Новите средби во Њујорк се притисок или поттик да се даде динамика во разговорите со цел до самитот на НАТО во септември да се овозможи придвижување во ставовите.

По еден месец во Њујорк, под посредништво на Метју Нимиц, утре повторно ќе седнат преговарачите во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на тема разликите околу името. Како и претходната средба кога на Македонија и претстоеја избори и оваа се случува во период кога во Грција ќе има избори.
Мислам дека динамиката е врзана со еден мал притисок или поттик на двете страни, за да може тоа прашање да се уреди пред наредниот самит на НАТО.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.


Времето во кое се одржуваат разговорите, експертите го толкуваат и како поттик да се даде динамика во разговорите под влијание на Меѓународната заедница со цел до самитот на НАТО во септември да се овозможи придвижување во ставовите. Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март, вели професор Димитар Мирчев.

„Нема некои сигнали или индикации дека има нови предлози, меѓутоа помина извесно време од минатата средба, медијаторот ја одржува таа динамика и мислам дека динамиката е врзана со еден мал притисок или поттик на двете страни, за да може тоа прашање да се уреди пред наредниот самит на НАТО“, вели Мирчев.
Од причина што ако не се реши, на наредниот самит може да се смени заклучокот од Букурешт или евентуално да се наметне решение во стилот – Земи или остави!, што е неповолно решение.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.


Инаку ,како што е познато, по средбата со преговарачите во Њујорк на 26 март Нимиц кажа дека таа завршила без конкретни резултати. Беа разгледани некои од претходните идеи, но немаше конкретни резултати,рече тогаш Нимиц. Според епилогот од последната средба во Њујорк, аналитичарот Мерсал Биљали смета дека може да се очекува и новата средба само да ги потврди позициите на двете страни.

„Повеќе е пеглање на некои формулации, не може да се очекува нешто триумфално или нешто како голем успех, јас мислам дека се разговара за детали околу можното решение“, вели Биљали.

Мирчев дополнува:

„Јас не ја исклучувам можноста Нимиц и самиот да даде некој предлог поинаков од досегашните, меѓутоа засега велам нема индикации, а би било убаво.“

Анлитичарот Мерсел Биљали смета дека идните неколку месеци ќе бидат месеци на зголемен притисок и дека престои покренување на нова иницијатива за решавање на спорот за името, за што како временски рок се поставува самитот на НАТО во септември.

„Од причина што ако не се реши, на наредниот самит може да се смени заклучокот од Букурешт или евентуално да се наметне решение во стилот – Земи или остави!, што е неповолно решение.“

Инаку според вообичаената пракса Нимиц ќе има одвоени средби со Јолевски и Василакис, а потоа ќе следи заеднички состанок во седиштето на ОН. Според соопштението на ОН двајцата посредници во разговорите, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG