Достапни линкови

logo-print

Филе: Србија напредува кон ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Белград изјави дека Србија направила голем напредок на патот кон Европската унија и оти ова е клучен период за односите меѓу Унијата и Србија. Филе по состанокот со српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија има три приоритети: економска реформа, борба против корупцијата и нормализација на односите со Косово. Филе е во Белград откако пред неколку денови таму престојуваше високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG